Барселона ги мерка Левандовски и Салах

Роберт Левандовски /фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Управата на Барселона планира да го активира планот Б во летниот преоден рок откако се поизвесно е дека Ерлинг Халанд ќе потпише за Манчестер сити.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона на лето ќе се обиде да дојде до потписот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен или на Мохамед Салах од Ливерпул.

Медиумите денеска објавија дека првата средба на Салах и претставниците на Ливерпул не била успешна, фудбалерот ја одбил понудата за продолжување на договорот и тоа сака да го искористи Барселона и да го намами египетскиот репрезентативец да потпише за каталонскиот тим.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во Салах го гледа идеалниот наследник на Лионел Меси и смета дека египетскиот репрезентативец би можел уште 4-5 сезони да игра на врвно ниво и да ја предводи Барселона во враќањето кон европскиот врв.

Договорот на Салах со Ливерпул истекува идната година, но „Мундо депортиво“ пишува дека шансите за трансфер се минимални бидејќи фудбалерот сака да потпише нов договор со „црвените“ и го користи интересот на Барселона за да ги добие посакуваните 500.000 евра неделна плата.

Втората и пореална опција е Роберт Левандовски од Баерн Минхен на кого договорот му истекува идното лето и доколку не потпише нов договор, баварскиот тим планира на лето да го продаде за да заработи нешто. Желбата на Левандовски е да го облече дресот на Реал Мадрид, но со ангажманот на Килијан Мбапе, оваа опција пропаѓа и тоа сака да го искористи Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот