Балковски: Не уценуваме со поддршка за новата влада, важно е Собранието да почне расправа за изборниот модел

Пратеникот од ВМРО-НП Љупчо Балковски кој воедно е и потписник на писмото кое помалите коалициски партнери од власта го испратија до претседателот на Собранието Талат Џафери за во најкус рок да ја свика седницата за измени на изборниот модел за „Слободен печат“ вели дека не уценуваат со поддршка за владата на мандатарот Димитар Ковачевски.

-Важно е во Собранието да почне расправата за промена на изборниот модел. Не сакаме тоа да се сфати како уцена од помалите партии дека еве поголемите нешто нам ни даваат, туку станува збор за демократизација на општеството. Битно е поголемите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, еве и ДУИ да постигнат консензус дека со ова се унапредува демократијата. Сметам дека и ако не постигнат косензус, Џафери треба да ја свика седницата, да почне расправата и да се гласа. Така ќе биде јасна политичката ситуација, кои се позициите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ за промена на изборниот модел. Тоа ќе биде и наш аргумент пред ОБСЕ кои партии се за демократизација на општеството – вели  Балковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот