Бајден: Путин и пандемијата се виновни за рекордната инфлација во САД
Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека рускиот претседател Владимир Путин и пандемијата на ковид се причините за рекордната инфлација во САД и додаде дека зголемувањето на цената нема никаква врска со политиката на неговата администрација, пренесе Фокс њуз.
Препорачано
„Знаеме дека американските семејства се борат со зголемените цени. За да биде јасно зошто цените сега се високи, постојат две причини. Првата е поради начинот на кој функционира глобалната економија. Пандемијата направи бројни прекини во синџирот на снабдување, а синџирот на снабдување е многу важен, бидејќи материјалот доаѓа од целиот свет”, рече Бајден.
Како втора причина тој го наведе својот руски колега.
„Втората причина, големата причина за инфлацијата е Владимир Путин. Цената на гасот над доларот дојде откако ги стави своите војници на границата со Украина. Таа отиде на долар и пет центи”, рече Бајден.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


