Бајден: Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е ужасен

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Yuichi Yamazaki

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече „ужасен” нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и рече дека сите оние кои шират лаги за украдени избори ја контаминираат политичката клима и придонесуваат за политички мотивирано насилство.

Пол Пелоси беше нападнат вчера во неговиот дом во Сан Франциско, а канцеларијата на неговата сопруга соопшти дека по физичкиот напад бил успешно опериран.

Бајден вчера ѝ се придружи на потпретседателката Камала Харис во едно од ретките заеднички појавувања, на настан во Пенсилванија.

-Што е многу, многу е. Секој совесен човек треба јасно и недвосмислено да застане против насилството во нашата политика, без разлика на политичката определба. Демократијата буквално, а не фигуративно, годинава е на тест, кажа Бајден, алудирајќи на претстојните парламентарни избори на 8 ноември и предупредувајќи на опасностите од екстремизмот.

Бајден кажа и дека полицијата има индиции дека нападот врз Пол Пелоси всушност бил насочен кон Ненси и рече дека напаѓачот со чекан извикал „каде е Ненси?” – што можело да се слушне и од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп за време на смртоносните немири во Капитол на 6  јануари минатата година, додаваат британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот