Баерн се заканува, ако не брани Ноер не да ги пушти репрезентативците

фото:uefa.com

Германските медиуми неколку недели се „забавуваат“ со војната на зборови помеѓу двата репрезентативни голмани Мануел Ноер од Баерн и Марк Андре Тер Штеген од Барселона, околу тоа кој треба да биде прв голман на германската репрезентација.

Кавгата помеѓу Тер Штеген и Ноер денеска доби нова димензија, откако од најголемиот германски клуб Баерн Минхен се заканија дека нема да ги пуштаат репрезентативците да играат за Германија.

Голманот на Барселона прв ја започна војната на зборови изјавувајќи дека е незадоволен од тоа што е резерва на Ноер кој во последно време не брани на своето препознатливо ниво.

– Како би реагирал доколку Тер Штеген го замени Ноер? Доколку се случи такво нешто, нема да дозволиме на ниту еден наш фудбалер да игра за репрезентацијата – се закани Ули Хенес, претседателот на Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот