„Back to Black“: Започнаа подготовките за биографскиот филм на Ејми Вајнхаус
Се подготвува биографски филм за познатата пејачка Ејми Вајнхаус, чиј живот згасна прерано. Филмот за Ејми ќе го режира режисерот на филмовите „Nowhere Boy“ и „Fifty Shades of Grey“, Сем Тејлор-Џонсон, пишува „Variety“.
Ова сценарио „Studiocanal“ го чуваше во строга тајна, но сега почна да кружи и е во фаза на кастинг за актерите. Според извештаите, режисерот се надева дека ќе најде некој кој е релативно нов во актерскиот свет за улогата на Ејми Вајнхаус. Тејлор-Џонсон работи на овој проект со голема страст, бидејќи беше блиска пријателка на Вајнхаус.
Филмот ќе се вика „Back to Black“, по големиот хит на Ејми, а филмаџиите добија огромна поддршка од Мич Вајнхаус, таткото на покојната пејачка, кој беше прикажан во негативно светло во документарниот филм „Ејми“ награден со Оскар.
Мич, исто така, учествуваше во документарниот филм на „БиБиСи“ во 2021 година, „Reclaiming Amy“, кој ја одбележа 10-годишнината од смртта на пејачката.
View this post on Instagram
Сценариото за „Back to Black“ го напиша Мет Гринхалг, кој соработуваше со Тејлор-Џонсон на филмот „Nowhere Boy“. Филмот ќе го продуцираат Алисон Овен и Дебра Хејворд, заедно со Трејси Сиворд.
Ејми Вајнхаус почина на 27-годишна возраст од труење со алкохол во 2011 година. Некои од нејзините најголеми хитови се „Reheb“, „Back to Black“, „Valerie“ и други, а таа самата продуцираше два од нејзините албуми „Frank“ и „Beck to Black“, од кои вториот и донесе шест Греми.
View this post on Instagram
Биографскиот филм за животот на пејачката се работи веќе неколку години, а Алисон Овен и Дебра Хејворд беа во целата приказна од почетокот, додека претставникот на Вајнхаус го потпиша договорот за филмот во 2018 година, а сценариото го напиша писателот Џеф Дин.