Авторката на најпродаваната книга за принцезата Дијана не го поштеди принцот Хари – „Принцот Хари е помалку интелигентен од Меган и оди таму каде што таа ќе му каже“

Фото: Инстаграм/Јутјуб

Принцот Хари е „многу помалку интелигентен лик“ од Меган Маркл и тој постојано се согласува со тоа што го кажува таа бидејки е „очаен да ја задоволи својата сопруга“, вели Лејди Колин Кемпбел.

Британската писателка Лејди Колин Кемпбел (70), која ја напиша најпродаваната биографија во 1992 година, „Дијана приватно: Принцезата која никој не ја познава“ изнесе сензационални тврдења како најава за својата нова книга „Меган и Хари: Вистинската приказна“.

Фото: Профимедиа

Таа наведува дека војводата (35) и војвотката од Сасекс (38), кои моментално живеат со нивниот син Арчи во Лос Анџелес, „имаат цврст брак“, но дека Меган „носи панталони бидејќи нејзиниот сопруг е опседнат со неа “.

„Според моето мислење, Хари е многу помалку интелигентен лик од Меган“, изјави таа.

Фото: Профимедиа

„И мислам дека тој очајнички сака да ја задоволи и буквално оди каде што оди и таа, без оглед колку тоа лошо изгледа, тој е тој кој е воодушевен и маѓепсан од неа“.

Лејди Колин изјави дека Меган и Хари „ќе имаат силен брак, се додека војвотката ја има целосната контрола“.

Фото: Профимедиа

„Таа носи панталони и е исто толку е доминантна, шармантна и воодушевувачка личност, како што беше принцезата Дајана во нејзиниот брак“, тврди авторката.

Лејди Колин исто така изјави дека верува дека амбицијата на Меган отсекогаш била да ја надмине Дајана, но дека смета дека актерката погрешно ја проценила ситуацијата, и дека славата од Лос Анџелес нема да ја воздигне така како што мислела.

Фото: Профимедиа

Лејди Колин исто така верува дека Меган има политички аспирации и дека сака еден ден да се кандидира за претседател. Писателката наведува и дека смета дека Меган „ја уништила најпрекрасната прилика“ така што го напуштила кралското семејство.

„Знам дека војвотката од Сасекс има политички амбиции и имам сознанија дека еден ден таа ќе се кандидира за претседател. Мислам дека се што прави, го прави со план, па токму затоа и Хари го зема покрај себе“, тврди Лејди Колин.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот