Автобусите на Нехар турс со полициска придружба вратени од граница (ВИДЕО)

По синоќешната драма, кај спортскиот Центар „Борис Трајковски“ каде по долга расправија меѓу сопственикот на Нехар турс и незадоволните граѓани кои имале уплатено четиридневна тура во Црна Гора, автобусите доцна во вечерта тргнаа со по 15 патници. Сепак, по најновите информации од фронтлајн.мк автобусите со полициска придружба биле вратени од граничниот премин.

Автобусите на Нехар турс вратени со полициска придружба

Информација од граѓански новинар за Фронтлајн:Автобусите на Нехар турс, кои се упатија кон Црна Гора, со полициска придружба се вратени од граничен премин во 3 часот по полноќ. Возачите одбивале да се вратат, но на крајот се согласиле да ги свртат автобусите и да ја следат полициската придружба која постапила соодветно со мерките на владата за заштита од коронавирусот.

Publiée par frontline.mk sur Vendredi 13 mars 2020

Како што пишуваат од таму, возачите не сакале да се вратат, но на крајот се согласиле и ја следеле полициската придружба.

Турата била предвидена да пристигне на денот кога треба да се затвори фестивалот на мимозите и каде што требаше да има концерт Жељко Јоксимовиќ. Јоксимовиќ го откажа концертот, но Нехар турс не се откажуваше од својата тура.

Од МВР, во изјава за Слободен печат ја потврдија информацијата и информираат дека автобусите биле вратени од македонско-косовската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот