Градски двокатни ЈСП автобуси на Рекорд / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Автобусите на ЈСП за продолжениот викенд ќе возат по неделен возен ред

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утре, по повод верскиот празник Духовден, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Сепак, исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 74, 80а, 111 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред.

Од претпријатието соопштија дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред и во сабота и во недела, а според потребите и по добиени информации од терен, ќе се вклучуваат и интервентни возила кон гробиштата Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот