Автобуси нема, ама барем ЈСП ги ажурираше дисплеите по постојките
Информативните дисплеи поставени на автобуските постојки наменети за прикажување на точни информации за реалното време на пристигнување на автобусите, се ажурирани согласно најновата софтверска верзија со која располага ЈСП „Скопје“, тврдат од претпријатието.
Препорачано
Оттаму велат дека тоа е направено по реакциите на граѓаните.
Ви благодариме за укажаните забелешки и Вашите сугестии, кои ги разгледуваме со должно внимание и континуирано работиме на надминување на наталожените проблеми, како и на унапредување на услугите. Информираноста на граѓаните и точноста на информациите се од суштинско значење за транспарентното работење на едно претпријатие. Со обезбедување пристап до проверени и навремени информации, ја зајакнуваме довербата на граѓаните во нашите услуги – велат од ЈСП.
Убаво е што јавниот градски превозник реагирал барем на овие забелешки на скопјани, за конечно граѓаните кои секојдневно чекаат автобус да можат да си го планираат времето. Исто така, добро би било ЈСП да обрне внимание и на другите реакции на граѓаните во врска со редовноста на автобусите, греењето и чистотата во нив, но и на односот на возачите и контролорите кон патниците.
За нови автобуси граѓаните се уште ја очекуваат набавката која ја вети Владата.


