Австрија ќе собира даноци за екстрапрофитот на трговците

Карл Нехамер / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрија најави дека во борбата против инфлацијата ќе го заостри надзорот на малопродажните компании и ќе собира даноци за екстра профит во енергетскиот сектор. Компаниите од прехранбениот сектор, во кој доминираат синџирите супермаркети Реве, Алди, Спар и Лидл, во иднина ќе треба да ги објавуваат трошоците за набавка на основните прехранбени производи.

Владата ќе го заостри оданочувањето на дополнителната добивка во енергетскиот сектор доколку компаниите доброволно не ги намалат цените, најави во средата канцеларот Карл Нехамер. Според проценките на европската статистичка служба Еуростат, инфлацијата во Австрија во април изнесувала 9,6 отсто и е значително над просекот на еврозоната, каде што потрошувачките цени се за седум отсто повисоки во однос на истиот период лани.

„Корпорациите направија „милијарди профити на сметка на граѓаните и економијата“, рече канцеларот Нехамер.

Собранието во јуни треба да ги усвои измените на соодветните закони. Опозициските социјалдемократи ги критикуваа плановите на владата. Собранието в петок ќе поднесе барање за изгласување недоверба на Владата и ќе побара прекин на наплатата на ДДВ за основните прехранбени производи и блокирање на поскапувањата на кириите, кои неодамна скокнаа за околу 10 отсто, прнесува Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот