Австрија целосно ќе престане да купува руски гас најдоцна до 2027

Руски Гаспром / Фото: ЕПА

Австриската влада си постави за цел целосно да го суспендира купувањето на руски гас до 2027 година, соопшти денеска министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

„Австриската влада си постави цел да стане 100 отсто независна од рускиот гас до 2027 година“, рече Шаленберг на заедничката конференција со неговиот американски колега Ентони Блинкен.

Австрискиот министер за заштита на животната средина, енергија, иновации и технологија Леонор Гевеслер изјави дека Виена мора да подготви начини за излез од договорот за снабдување со руски гас што беше склучен во рамките на концернот ОМВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот