Австралија: Жена втрча во огнот за да спаси коала (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во Австралија и натаму не стивнуваат шумските пожари кои се активни веќе со недели, а Социјалните медиуми се преплавени со снимки и фотографии од состојбата во оваа земја.

Пожарите најмогу беснеат во Нов Јужен Велс, а таму била забележана и една неверојатна снимка од спасување на коала.

Поточно, жена забележала како животното се бори да избега од огнената стихија. Таа го соблекла горниот дел од облеката и со неа ја завиткала коалата, која имала видливи изгореници.

Коалата завршила во болница со тешки повреди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот