Австралија до 2030 година тројно ќе ја зголеми својата вселенска програма

Австралија формира своја вселенска агенција во обид до 2030 година тројно да ја зголеми својата вселенска програма, пренесе ДПА.

Австралискиот премиер Скот Морисон во Аделаида, главниот град на државата Јужна Австралија, денеска и официјално го отвори седиштето на новата агенција.

– Агенцијата ќе развива нови технологии, што ќе го подобруваат животот на Земјата и ќе нуди огромни економски можности и работни места – изјави Морисон.

Целта на Агенцијата е до 2030 година австралискиот вселенски сектор тројно да се зголеми, достигнувајќи 12 милијарди австралиски долари (осум милијарди американски долари) и во него да се создадат 20.000 нови работни места, рече министерката за индустрија, Карен Ендрјус.

Менаџерката на новата агенција, Меган Кларк, информира дека до овој момент во неа се примени само 20 вработени, но дека ќе се бараат експерти низ целиот свет. Веќе се воделе разговори со американската НАСА и Европската вселенска агенција за заедничка работа, додаде таа.

Австралиската индустрија што има допирни точки со вселената во моментов вреди околу 3,9 милијарди австралиски долари и во неа работат околу 10.000 лица. Тие главно се занимаваат со изградба на сателити, ракети-носачи и помошна опрема на земјата.

Во 1967 година Австралија стана третата земја во светот, која изгради и лансира сателит по САД и Советскиот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот