Аврамовска Мадиќ: Сѐ што може да остане потивко, да не го политизираме случајот за „Палчо“

Викторија Аврамовска-Мадиќ

Целта на Министерството за правда и сите други органи кои помагаат во процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција, е таа да биде извршена побрзо поради јавниот интерес, рече во гостување на телевизија  Телма, заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ.

Таа изрази надеж дека екстрадицијата на Палчо ќе биде многу пократка за разлика од другите досегашни.

Покрај тоа, заменик министерката упати и апел да не се политизира случајот во македонската јавност, за процесот на екстрадиција кој сега се води во Турција да не добие дополнителна димензија која ќе го пролонгира.

„Ако тоа го направиме самиот закон предвидува една постапка која се вика политички прогон, и тогаш нашиот предмет ќе биде загушен. Затоа не сакам да дискутирам на таа тема, само сакам да порачам, се што може да остане потивко, стручно да ги зборуваме работите, не да ги политизираме, затоа што не знаеме се од другата страна, бидејќи сега во моментов предметот е во друга држава“, рече Аврамовска ѐМадиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот