Фото: Креирана илустрација

Авион се урна кај Суботица – копилотот загина, пилотот е во болница

Авион паднал меѓу Суботица и Биково, во падот загинал еден маж, а друг маж е тешко повреден, објави „Нова“.

Помал авион од типот „Пајпер“ паднал на околу два километра од аеродромот во Биково, каде што требало да слета нешто по 17 часот, се наведува на страницата.

Кај 30-годишниот копилот Золтан С. веднаш по обидот за реанимација била констатирана смрт, додека, пак, 24-годишниот пилот Карло Ф. бил пренесен во болницата во Суботица.

По наредба на обвинителството, надлежните од Цивилното воздухопловство вршат увид, пренесуваат медиумите.

Српските медиуми ги објавија првите фотографии од местото на несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот