Авганистан ќе ослободи 1.500 талибанци

Талибанци / Фото: EPA/STRINGER

Претседател Ашраф Гани потпиша указ за ослободување од затворите на 1.500 припадници и борци на радикалното исламистичко движење Талибан, како поттик за започнување на директните преговори за завршување на војната која трае речиси две децении. Сите ослободени ќе мора да потпишат писмена изјава дека нема да се враќаат на боиштата.

Пуштањето на слободата ќе започне за четири дена, се наведува во указот.

САД и бунтовниците на 28-ми февруари во катарската престолнина Доха потпишаа договор со кој се предвидува воспоставување мир и повлекување на американските војници од Авганистан по речиси 19-те години војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот