Аталанта е клучен тест за Јунајтед и за Солскјер

Пораз на Манчестер јунајтед во ЛШ од Аталанта, може да значи збогување за Солскјер од клупата на „црвените ѓаволи“Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Пораз на ова гостување од четвртото коло од ЛШ, може да значи збогување за Норвежанецот од клупата на „црвените ѓаволи“, а втора победа во низа би донела мир во „театарот на соништата“, барем на кратко.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, а особено норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер, вечерва (21.00 часот) ќе имаат исклучително важен натпревар против Аталанта. Пораз на ова гостување од четвртото коло од ЛШ, може да значи збогување за Норвежанецот од клупата на „црвените ѓаволи“, а втора победа во низа би донела мир во „театарот на соништата“, барем на кратко.

По високиот и срамен пораз на домашен терен од Ливерпул (0:5), „црвените ѓаволи“ се најдоа на милост и немилост на навивачите и на светската јавност. Многумина покажаа со прст кон Солскјер, а некои истакнаа дека дел од вината е и кај фудбалерите. Многумина беа убедени дека Норвежанецот нема долго да издржи на клупата на „ѓаволите“, но саботната победа над Тотенхем (3-0) купи мир во куќата, барем на одредено време. За да потрае мирот Јунајтед ќе оди да направи трета победа во низа во ЛШ, на гостувањето кај Аталанта вечерва. „Црвените ѓаволи“ се на врвот на табелата во групата Ф, со шест бода од првите три меча, а Аталанта е на третото место, но со само два бода помалку од англискиот тим.

Во претходното коло Аталанта водеше со два гола на „Олд Трафорд“, но домашните успеаја да направат потполн пресврт и со три гола обезбедија три бода. Аталанта играше три меча во Серија А откако изгуби од Јунајтед во ЛШ во претходното коло. Во тие три меча имаше два нерешени против Удинезе и Лацио и една висока победа против Сампдорија. Моментно Аталанта е на петтото место на табелата.

Аталанта водеше со два гола на „Олд Трафорд“, но Јунајтед успеа да направи пресврт/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Иако Јунајтед е на врвот на табелата сепак нема ништо обезбедено и ако евентуално претрпи пораз кај тимот на Џан Пјеро Гасперини, тоа ќе внесе потполна неизвесност во групата. Јунајтед заврши како третопласиран во групата во ЛШ минатата сезона и секако оваа година му треба подобар резултат. Победа би била голем чекор напред за тимот на Солскјер на патот кон осминафиналето.

Аталанта изигра 2:2 со Лацио во сабптата и Гасперини смета дека тој меч бил добра проба пред дуелот со Англичаните.

– Се надеваме на победа во мечот со Манчестер и да обезбедиме добро место во групата. Мечот со Лацио беше нешто како тест за нас, затоа што Лацио игра како Манчестер. Обата тима играат со голем интензитет – изјави Гасперини.

Тешко е да се превиди исходот од овој меч. Аталанта е без некои важни играчи. Поради повреди ќе отсуствуваат Берат Џимици, Рафаел Толој, Матео Песина, Робин Госенс, Ханс Хатебер. Сепак Италијанците играат на домашен терен, а формата на Јунајтед сезонава е променлива и сè може да се очекува. Кај Јунајтед можеби поради повреда ќе отсуствува Антони Мартијал.

Лига на шампионите, 4 коло, вечерва

Група Е:

Барен Минхен – Бенфика 21.00 часот
Динамо Киев – Барселона 21.00 часот
Табела: Баерн 9, Бенфика 4, Барселона 3, Динамо Киев 1.

Група Ф:

Аталанта – Манчестер јунајтед 21.00 часот
Вилјареал – Јанг бојс 21.00 часот
Табела: Јунајтед 6, Вилјареал 4, Аталанта 4, Јанг бојс 3.

Група Г:

Волфсбург – Ред бул Салцбург 18.45 часот
Севилја – Лил 21.00 часот
Табела: Ред бул Салцбург 7, Севилја 3, Лил 2, Волфсбург 2.

Група Х:

Малме – Челси 18.45 часот
Јувентус – Зенит Санкт Петербург 21.00 часот
Табела: Јувентус 9, Челси 6, Зенит Санкт Петербург 3. Малме 0.

Алаба објасни која е разликата помеѓу Реал Мадрид и Баерн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот