Прес-конференција на Асоцијација за цистична фиброза пред Влада/Фото: Принтскрин

Асоцијацијата за цистична фиброза задоволна од средбата со работната група, очекуваат позитивен исход од измените на Законот

Асоцијацијата за цистична фиброза денеска одржа средба со работната група во Министерството за здравство која работи на законите за полесна набавка на лекови.  Претседателот на Асоцијацијата, Фики Гаспар вели дека е задоволен од средбата и се надеваат дека нема да има препреки во решавањето на овие проблеми.

Работната група составена од претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, од јавни набавки, како и од Владата, работи брзо и посветено. Се работи на промена на трите закони. Како Асоцијација, ова е тоа што го баравме и засега, сметаме оти процесот ќе има позитивен исход, изјави Гаспар за МИА.

Тој повтори дека се работи на системско решение, не само за нив, туку и за други проблематики како нивните.

Мојата надеж е дека нема да излезат многу препреки и оти за брзо време ќе се излезе со предлог-закон што ќе може да оди во Собрание, додаде Гаспар.

Потсети дека со интервентниот увоз на лекот „трикафта“, неопходен за лицата со цистична фиброза, нема проблеми, тој е порачан, а сега се чека компанијата да ја заврши нејзината работа.

Крстовски: Будно ја следиме набавката на лекот „трикафта“, пратениците да застанат зад измените на законите

За „Трикафта“ се чека 30 дена бидејќи лекот се произведува откако ќе се направи нарачката, појаснува Ковачевски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот