Арсовски: Вклучувањето на армијата во обезбедувањето на болниците е превентивна мерка

Армија на РСМ/ Фото: МИА

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска посочи дека одлуката за вклучување на војската во обезбедување на здравствените институции е логистичка поддршка и превентивна мерка во ситуација кога има поголем број на пациенти во болниците.

– Многу е јасна формулацијата. Ова е логистичка поддршка на некој начин и превентивна мерка, во ситуација кога има наплив на пациенти и кога од сите е потребно да бидат ангажирани и како приватни лица, како пациенти и оние кои се на првата борбена линија во справувањето со ковид-19, да се задржи минимум ред и секако е во насока на одржување на колективното здравје и справување со последиците од коронакризата, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање околу деталите за оваа одлука.

Вчера Владата го прифати предлогот на Министерството за здравство за потребата од дополнителна асистенција на припадници на Армијата во обезбедувањето на болниците, како дополнителна испомош на припадниците на МВР, со заклучок за тоа да се побара согласност од претседателот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот