Арсовски: Димова доделила 125.000 евра на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ (ВИДЕО)

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно побара од директорката на Национална агенција за европски образовни програми Лидија Димова да си поднесе оставка поради начинот на кој се доделени европски пари за проекти кои според опозицијата се доделени на кадри блиски до власта.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска како скандалозен го посочи проектот за кој од Агенцијата се доделени 125 000 евра „Избери сирење“, зад кој стои братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, кој веќе доби 83 000 евра од програмат „Еразмус+“ за друг проект за дресура на магариња.

„Поставуваме дилема и прашање: Како е можно, овие два проекта во вредност од над 200 000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, токму пред парламентарните избори? Бараме јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200 000 евра, односно во чии џебови завршиле парите? Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите?“, праша Арсовски.

Пред пет дена ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на истражување на „А1он“, побара да се истражи како скопско фризерско студио добило грантови од над 270 000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Димова ги отфрли сомнежите и обвинувањата и одби да поднесе оставка, истакнувајќи дека ќе остане во оваа агенција сè додека не открие што се случило со 2,2 милиони евра проневерени во времето на поранешното раководство.

„Пирамидата во Еразмус“ – Злоупотреба тешка 2,2 милиони евра преку наместени јавни набавки (ВИДЕО)

Веднаш да се расчисти случајот со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, побара и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Реагирајќи на случајот со со скопско фризерско студио кое добило грантови од над 270 000 евра преку програмата „Еразмус+“, Димитров оцени на Фејсбук дека впечатокот е загрижувачки.

Димова: Информацијата за грант на фризерница е замајување на јавноста, фотографиите се монтажа

Во меѓувреме, Европската комисија отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ-фондовите, а работењето на Агенцијата е веќе под лупа на Финансиската полиција и Обвинителството за гонење организиран криминал.

Случај „фризерница“: Европската комисија со истрага за евентуална злоупотреба на европски пари во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот