Арсовска денеска ќе ги соопшти имињата на новите директори на јавните претпријатија

данела арсовска град скопје (4)
Данела Арсовска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Завршена е постапката, избрани се новите директори на јавните претпријатија и во текот на денот ќе бидат објавени нивните имиња. Ова го соопшти градоначалничката Данела Арсовска на денешната прес конференција по повод започнување на реконструкција на улицата Димо-Хаџи Димов во Кисела Вода.

Како што е познато, пред дваесетина дена Арсовска го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, поради влијание врз тендерот за изградба на пречистителна станица. Набрзо потоа оставки дадоа директорите на „Градски паркинг“ , „Дрисла“, „Улици и патишта“ и на „Лајка“. Сите тие ги поднесоа оставките со образложение дека немале комуникација и соработка со Арсовска. Градоначалничката пак извести дека од нив била побарана оставка бидејќи не биде испорачани резултати.

Целата ситуација доведе до прекинување на соработката на Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја поддржа нејзината кандидатура на локалните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот