Арсенал оружје пронајден во домот на штипјанец

Вчера од 16.30 до 17.40 часот во Штип, при извршен претрес во домот и помошните простории на М.Б.(44) од Штип, по претходна судска наредба, од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9×19мм, малокалибарска пушка, пушка-карабин „симун“, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми различен калибар, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од КЗ на РСМ, тој бил приведен во полициска станица, а пронајдените предмети се одземени.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот