Архиепископот Стефан се сретна и со американската амбасадорка Агелер

Фото: МИА

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска во Архиепископската резиденција ја прими новата американска амбасадорка во земјава Анџела Агелер, придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД во Скопје.

– Неговото Блаженство ја запозна амбасадорката Агелер, со духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во татковината и меѓу иселените Македонци по светот и посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји, соопштија од МПЦ-ОА.

На средбата, којашто, како што се наведува во соопштението, поминала во срдечна атмосфера, присуствуваа и епископот хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.

Архиепископот Стефан деновиве, покрај традиционалниот божиќен ручек што го организира на 9 јануари, имаше и две средби со црковни великодостојници, пред денешниот разговор со американската амбасадорка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот