СПЕКТАКУЛАРНО ОТКРИТИЕ: Богот на виното 2.000 години чекал во срцето на Рим! (ФОТО, ВИДЕО)

Фото: EPA / Miunicipality of Rome

Во срцето на италијанската престолнина, недалеку од остатоците на древниот Римски форум, археолози наишле на неверојатно откритие и тоа сосема случајно, информираат италијанските медиуми.

Според информациите, исклучително зачувана мермерна глава, која најверојатно е приказ на ликот на богот Дионис, била пронајден така што буквално археолозите се судриле во неа.

Фото: EPA / Miunicipality of Rome

Сепак, и понатаму не било прецизирано кому му „припаѓала“ главата, но се верува дека прикажува боженство и дека е од царски период.

Оваа бела мермерна глава е нешто поголема од човечка. Првобитно градскиот совет тврдел дека станува збор за глава на божица, но археолози од Археолошкиот парк Колосеум не биле сигурни во тие тврдења.

Во наредното соопштение стои дека ова тоа би можел да биде „млад и женствен“ приказ на Дионис, грчкиот бог на виното и плодноста.

Фото: EPA / Miunicipality of Rome

Главата била пронајдена во средновековен ѕид во улицата Алесандрина, која речиси се наоѓа паралелно со авенијата која води до Колосеумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот