Арбен Аголи: Да, бев на Централното собрание на Алијансата за Албанците (ВИДЕО)

Инаку Централното собрание на Алијансата за Албанците се одржа минатата среда.

Лекарот од Дебар, Арбен Аголи, кој што пред неколку дена се изјазни дека е позитивен на коронавирус бил присутен на Централното собрание на Алјансата за Албанците, пренесе „Коха“.

Тој изјавил дека сепак носел маска и ракавици.

-Бев присутен на Централнот собрание на Алијансата за Албанците, но носев маска за заштита и ракавици. На средбата не се поздравив со никого и седев многу далеку од другите- изјавил Аголи, пишува Коха.

Доктор Арбен Аголи со медицинскиот тим

Аголи во вторникот изјави дека е позитивен на коронавирусот.

-Бидејќи имавме во амбулантата едно дете од семејството кое резултираше позитивно на КОВИД-19, одлучивме да се тестираме заедно со медицинските сестри. Добро е што го направивме тестот бидејќи резултатите се позитивни. Сега сме посмирени и по внимателни кон нашите семејства-, изјавил Аголи.

Инаку Централното собрание на Алијансата за Албанците се одржа минатата среда. Многу членови од партијата се тестирале бидејќи биле во друштво со лекарот, но засега никој не е позитивен на коронавиурсот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот