АПИС: Затворањето на легалните објекти за игри на среќа ќе предизвика отворање на објекти на црно по подруми
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, реагира на новиот предлог-закон за игри на среќа, оценувајќи дека предложените мерки за дистанцирање на објектите се неуставни, неприменливи и штетни за економијата. Од АПИС велат дека заштитата на младите од евентуална зависност останува нивен „врвен приоритет“, поради што поддржуваат дел од ограничувањата поврзани со рекламирањето. Како што наведуваат, прифатливи се мерките за минимизирање на светлечките реклами на објектите, како и забраната за рекламирање на игри на среќа во периодот од 06 до 22 часот.
Препорачано
Сепак, Асоцијацијата остро се спротивставува на повторното воведување на одредбата за задолжителна дистанца од 500 метри меѓу објектите за игри на среќа и училиштата.
-Дистанцата е дискриминаторска и уставно спорна одредба која директно ја ограничува слободата на пазарот и претприемништвото – наведуваат од АПИС, додавајќи дека законските услови не можат да зависат од идни урбанистички промени.
Оттаму предупредуваат дека ваквото решение практично би значело затворање на речиси сите легални објекти за игри на среќа во државата. Како пример го посочуваат Чаир, каде, според изјава на актуелниот градоначалник, речиси не би останал ниту еден легален објект поради близината на училиштата.
АПИС смета дека мерката нема да придонесе за поголема заштита на младите, особено бидејќи државата истовремено предвидува можност за организирање интернет игри на среќа.
-Младите преку мобилни уреди ќе можат од каде било да пристапат до онлајн платформите, што значи дека дистанцата нема рационален ефект – посочуваат од Асоцијацијата.
Коцкарниците се селат на најмалку 500 метри од училиштата, кладилниците ќе останат и поблиску
Во реакцијата се предупредува и на можни економски последици. Според АПИС, затворањето на легалните објекти би можело да отвори простор за нелегални играчници, како што, според нив, се случило во Албанија по воведувањето на забраната.
Тие тврдат дека државниот буџет би изгубил околу 350 милиони евра годишно, а без работа би можеле да останат околу 10 илјади лица, со дополнителни негативни ефекти врз други поврзани индустрии.
Од АПИС бараат Собранието да организира јавна расправа и да ја вклучи експертската јавност пред евентуално усвојување на законот.
-Нема да дозволиме заради дневно-политички цели да се разгради систем кој е еден од најстрого регулираните во регионот – велат пд АПИС.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1сек
-
2мин
-
10мин
-
15мин
-
20мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


