АПЕЛ НА АМЕРИКАНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Не ја фрлајте дрогата во тоалет, не сакаме дрогирани алигатори!

Фото Архива

Малку необично, но сигурно „еколошко“ соопштение издаде полицијата од американската сојузна држава Тенеси на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Полицијата од Лорето, Тенеси ги замоли локалните жители да не ја фрлаат дрогата во тоалетните школки, затоа што на тој начин, патките, гуските, но и алигаторите можат да станат опасни за околината.

Предупредувањето е издадено минатиот викенд после претресот на домот на осомничен кој се обидел да ја фрли дрогата метамфетамин во тоалетната школка кога полицијата упаднала во неговиот дом.

„Ве молиме да не ја фрлате дрогата во вашите тоалетни школки“, порача полицијата од градот Лорето на Твитер.

„Кога фрлате некои работи во канализацијата, мора да знаете дека тие, пред да се вратат во реките, завршуваат во нашите вештачки езера. Патките, гуските и останатите животни најчесто ги користат овие езера, а ние стравуваме како тие животни би се однесувале кога би конзумирале метамфетамин. Наскоро во реките би можеле да имаме дрогирани алигатори“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот