Антикорупционерите со прекршочна пријава до директорот на МЕПСО, Рамадани

Антикорупционерите ќе поднесат прекршочна пријава против директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани. Тој беше именуван за директор на МЕПСО и покрај укажувањата на ДКСК дека постои судир на интереси затоа што претходно бил член на Регулаторната комисија за енергетика.

-Претседателот и членовите на РКЕ во рок од две години по престанувањето на вршењето на јавните овластувања и должности, не можат да бидат именувани како членови на орган на управување на вршителите на регулирани енергетски дејности како и на вршителите на енергетски дејности на кои што им е наметната обврска за обезбедување на универзална, односно јавна услуга со оглед на надзорната функција која ја има РКЕ врз овие тела, се вели во мислењето што антикорупционерите претходно го испратија до Владата, но сепак Рамадани беше именуван за директор.

Куштрим Рамадани беше заменик претседател на Регулаторната комисија за енергетика, а потоа за нов директор во МЕПСО беше на предлог на ДУИ. Рамадани во минатото беше во ЕВН, а во 2012 година стана дел од Регулаторната комисија за енергетика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот