Англиските екипи ги менуваат голманите: Шмајхел на голот на Јунајтед, Поуп на местото на Кепа?

Двајцата шпански голмани во премиерлигашите имаат лоша сезона која може да ги „избрка“ од Англија.

Презимето Шмајхел кое има голема тежина на „Олдс трафорд“, лесно може да се случи од следната сезона повторно да се изговара помеѓу навивачите. Имено, челниците на Манчестер јунајтед се подготвени да го ангажираат синот на клупската легенда Петер Шмајхел, Каспер кој брани за Лестер.

Каспер има договор со Лестер со 2023 година, но се чини дека е прв избор во потрагата по наследник на Давид де Хеа кој разочара оваа сезона.

Давид де Хеа / Фото: EPA-EFE/Peter Cziborra/NMC/Pool EDITORIAL USE ONLY

Атлетико Мадрид нема намера да го пушти Јан Облак доколку заинтересираната екипа не ја плати клаузулата која изнесува 120 милиони евра, додека Дин Хендерсон кој е „дете на Јунајтед“, иако имаше фантастична сезона во Шефилд, тој се уште го нема потребното искуство за да брани за „црвените ѓаволи“.

Прочитајте и...  Прволигашките клубови до Антиќ: Решете го проблемот до среда или одете си!
Дин Хендерсон / Фото: EPA-EFE/Peter Powell/NMC/Pool EDITORIAL USE ONLY

Поради тоа, Каспер Шмајхел е прв фаворит за наследник, 33-годишниот голман на Лестер е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, а не ја крие желбата да оди по стапките на славниот татко и да застане на голот на Манчестер јунајтед. Од финансиски аспект, Јунајтед би бил презадоволен да го ангажира Шмајхел бидејќи тој има годишна плата од 7.5 милиони евра во Лестер, што е за три пати помалку од тоа што Де Хеа го заработува на „Олд трафорд“.

Каспер Шмајхел / Фото: EPA-EFE/Michael Regan/ Pool via REUTERS/ EDITORIAL USE ONLY

Манчестер јунајтед нема да биде единствениот англиски тим кој ќе го менува голманот, Челси и менаџерот Френк Лампрард дефинитивно се откажаа од најскапиот светски голман, Кепа Аризабалага, а последен доказ евчерашното финале на ФА купот на кое бранеше Вили Кабаљеро.

Прочитајте и...  Солскјер изненади со списокот на играчи пред дуелот со ПСЖ
Кепа Аризабалага / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Иако се шпекулира со неколку имиња како Облак, Хендерсон, фаворит за нова прва „единица“ на Челси е Ник Поуп. Голманот на Барнли дури 15 пати ја зачува мрежата недопрена во Премиер лигата, но проблем за „сините“ ќе претставува тоа што Барнли бара 55 милиони евра.

Ник Поуп / Фото: EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY

За очекување е работата да се заврши до крајот на преодниот рок и Челси во новата сезона да стартува со Поуп меѓу стативите.

Поврзани вести

Дресот на Коби Брајант ќе биде изложен во музејот Смитсонијан

Слободен печат

Мбапе не попушта, нема шанси да потпише нов договор

Слободен печат

Омилениот ММА борец на Трамп повторно го нападна Леброн Џејмс (ФОТО)

Слободен печат

Реакцијата на Фернандеш кога дозна дека ќе биде капитен на Јунајтед (ВИДЕО)

Слободен печат

Ливерпул во јануари задолжително да го купи Упамекано

Слободен печат

Алиоски од клупата го гледаше поразот на Лидс! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар