Анел Фидоски | Фото: Социјални мрежи

Анел Фидоски е избран за шеф на Основното јавно обвинителство

Функцијата ја презема обвинител со искуство во едни од најчувствителните судски предмети во земјата, по тесна трка и поделена поддршка во Советот на јавни обвинители.

По гласањето во Советот на јавни обвинители, со поддршка од седуммина членови, наспроти два гласа „против“ и двајца „воздржани“, за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје беше избран Анел Фидоски.

Тој беше еден од вкупно петмина кандидати за функцијата, која се смета за една од клучните во системот на Јавното обвинителство, имајќи предвид дека ОЈО Скопје е најголемо и најекспонирано во земјата.

Досегашниот шеф на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, освои пет гласа „за“, што не беше доволно за да обезбеди уште еден мандат. Поддршка недоволна за избор не добија ниту останатите кандидати – Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

Анел Фидоски во јавноста е познат по постапувањето во предметите „Тенковски делови“ и случајот „Малата Тамара“, а со новиот мандат ќе застане на чело на најголемата јавна обвинителска институција во државата.

Од друга страна, Бубевски, кој беше препознатлив по својата улога во поранешното СЈО и за време на чиј мандат во ОЈО Скопје беа формирани нови одделенија за сложен криминал, не успеа да ја добие потребната поддршка за реизбор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот