Фото: КК МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски успешно опериран по тешката повреда на коленото

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром и македонски репрезентативец, Андреј Магдевски беше успешно опериран по тешката повреда на коленото, добиена на неодамнешниот домашен меч против Тиквеш.

Тој се повреди при еден од карактеристичните пробиви кон противничкиот кош, по што по низа лекарски консултации беше решено дека е неопходен оперативен зафат.

Плејмејкерот беше опериран од доктор Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија во болницата „Аџибадем Систина“, која со години наназад е голем пријател на КК МЗТ Скопје Аеродром и место каде што ги „лечи раните“ по тешките битки на домашна и меѓународна сцена.

– Големо благодарам за докторот и за целиот персонал на нашиот партнер на полето на здравството, со надеж дека нивните услуги во иднина ќе ни требаат сѐ поретко. На Андреј, пак, му посакуваме успешно постоперативно опоравување, а потоа и успешна рехабилитација, со надеж дека во рекорден рок ќе го видиме назад на кошаркарскиот терен – стои во објавата на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот