Андреа Бочели повика на бојкот на мерките против короната

EPA-EFE/LUCA ROSSETTI

Коментарите на Андреа Бочели на конференцијата одржана во италијанскиот Сенат ги изненадија сите, со оглед на тоа што славниот тенор беше сметан за симбол на национално единство во екот на пандемијата.

Бочели пееше, а милиони луѓе плачеа на кадрите од пустите градови низ светот (ФОТО+ВИДЕО)

Бочели го критикуваше одговорот на италијанската влада на пандемијата на коронавирусот, велејќи дека бил „понижен со воведувањето на мерките за карантин“.

Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата, иако не сторив никакво злосторство“, рече вчера Бочели на конференцијата на која присуствувале членови на опозицијата, вклучувајќи го и лидерот Матео Салвини, кој и самиот го критикуваше одговорот на Владата на пандемијата.

Ројтерс пренесува дека 61-годишниот оперски пејач признал дека ги кршел мерките на карантинот „затоа што сметал дека не е правилно и здраво да остане дома во негови години“. Инаку, и самиот Бочели се зарази со коронавирус, по што донираше крвна плазма.

Бочели: Целото мое семејство имаше коронавирус, тоа беше ужасно – ние имавме среќа!

Бочели верува дека ситуацијата не би можела да биде толку сериозна како што властите ја претставувале, со оглед на тоа што не познава никој кој поради коронавируст бил сместен на одделението за интензивна нега.

Тој, исто така, ги повика граѓаните да одбијат да ги почитуваат правилата кои сè уште се во сила.

Да одбиеме да го почитуваме ова правило. Ајде да читаме книги, да се движиме, да се запознаваме едни со други, да разговараме“, предложи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот