Андоновиќ: Нова американска офанзива на Балканот -Трамп го испраќа Гренел да ги забрза преговорите Белград Приштина (ВИДЕО)

Ричард Гренел/ Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Американскиот претседател Доналд Трамп го испраќа специјалниот претставник Ричард Гренел да ги забрза преговорите и да го засили притисокот врз Белград и Приштина за изнаоѓање компромис околу косовскиот статус. Ричард Гренел кој е човек на Трамп од најголема довреба, добил задача од Трамп да се фокусира единствено на оваа дипломатска мисија.

Гренел инаку е и амбасадор на САД во Германија и до неодамна в.д директор на националните разузнавачки служби. Гренел ја презема улогата на таканаречен ,,булдожер дипломат“ по урнекот на некогашниот американски претставник Ричард Холбрук, кој како претставник на тогашната американска администрација на Бил Клинтон посредуваше во дијалогот меѓу завојуваните поранешни југословенски републики и со тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Сепак, Гренел ќе чека да се формира новата косовска влада и резултатите од исход на изборите во Србија закажани за 21 јуни по што ќе го продолжи дијалогот.

Со испраќањето на Гренел на Балканот, според анализите, Трамп се обидува што поскоро да го реши косовскиот проблем. По низата неуспешни дипломатски акции кои беа пропратени со воинствена реторика и закани, се чини дека Трамп сепак на крај ќе се обиде да го реши косовскиот проблем. На Трамп му е потребна некаква меѓународна победа со цел да го прикаже како дипломатски успех и така да го поправи својот рејтинг кој беше нарушен пред се поради лошото справување на САД во екот на пандемијата со коронавирусот. Трамп е единствен престедател во поновата историја на САД кој за време на својот претседателски мандат не започнал ниту една меќународна војна. Тој преку диплматски пат, изминативе четири години се обиде да го реши проблемот со Северна Кореја. Иако првично имаше обид да се прикаже како успешен сепак и покрај историските две средби со Ким Џонг Ун, исходот остана ист. Не успеаа ниту воените закани кон Венецуела, Иран и Либија. Воено-политички дебакл Трамп доживеа во сирискиот конфликт каде по вмешаноста на Русија , се покажа дека САД немаат доволен капацитет за ваков тип геостратешки игри. Подоцна Трамп и објави војна и на СЗО во обид да направи алиби дека тие се виновни за катастрофаните последици во САД од коронавирусот.

Во целото досегашно претседатеско делување на Трамп, најмногу доминира неговата пресметка со Кина. Трамп уште од почеток на мандатот започна со еден вид на војна со Пекинг. Првично го обвинуваше тамошниот комунистички режим за крадење на американската интелектуална сопственост и индустриски плагијат, подоцна трговски, па пандемиски и од неодамна судир околу автономијата на Хонгконг.Сето ова во функција на зголемување на нарушената доминација на САД во светот, но и намалениот рејтинг, со кој Трамп се соочува во пресрет на американските претседателски избори закажани за 3 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот