Андоновиќ: Изборен пораз на Макрон и Ле Пен и во вториот круг регионални избори во Франција

Фото: youtube/printscreen

Републиканската партија на францускиот претседател Емануел Макрон постигна многу лош резултат на вториот круг од регионалните избори со вкупно седум отсто од гласовите, а нешто подобар резултат освои Националниот сојуз на Марин Ле Пен, која доби 20 отсто, покажаа излезните анкети. Најдобар резултат постигна десничарската Републиканска партија, која ја доби довербата од 38 отсто од гласачите, следена од Социјалистите и Зелените со околу 35 отсто,

Идентично како и пред две недели, и вториот круг од изборите беше обележан со екстремно слаб одзив, бидејќи гласаа само 33,7 отсто од гласачите.

Регионалните избори во Франција се одржуваат на една година пред претседателските и претставуваат главен тест за рејтингот на партиите и политиките кои ги водат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот