Андоновиќ: Хрватска во недела гласа на најнеизвесните избори во својата историја (ВИДЕО)

Хрватска се наоѓа пред досега најнеизвесните парламентарни избори во историјата од стекнувањето на независноста. Кој и да ја победи и да ја формира новата влада ќе се најде пред голем број на незавршени приоритети кои неректо бараат и донесување на неопопуларни мерки.

Според последните истражувања на јавното мислење, тесна победа би можела да оствари таканаречената „Рестарт“ коалиција предводена од опозиционата СДП од која произлезе актуелниот претседател Зоран Милановиќ, а сега е предводена од помалку познатиот политичар Давор Бернардиќ. Сепак според анализите, иако СДП има благо водство, владеачката ХДЗ засега има поголем коалиционен потенцијал што се смета дека ќе биде пресудно за формирање на новата влада. Речиси сите агенции кои го мерат рејтингот и ги прават пост изборните проекции, укажуваат дека во сите изборни единици кои ги има во Хрватска, победник би можеле да бидат Социјалдемократите предводени од Давор Бернардиќ со освоени 60 пратенички мандати, втора би била владеачката ХДЗ на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ со 54 мандати а трета, според овие проекции би била Татковинското движење на Мирослав Шкоро со 18 мандати. Токму движењето на Шкоро би можело да го реши победникот на овие избори односно, на кого тие му дадат подршка или со кого влезат во коалиција, таа партија ќе има мнозинство во парламентот.

Во Хрватскиот сабор според овие анкети би влегле и пратениците од Мост со 5 мандати. ХДЗ не е супериорен во овие избори но можеби има поголем коалиционен потенцијал. Сепак речиси сигурно е дека кој и да направи влада таа ќе биде нестабилна, слаба и ранлива. Во Хрватска има и голем број на неопределени гласачи кои беа главната цел на двете партии да ги придобијат. Мали се шансите за формирање на голема коалиција меѓу двете најголеми партии најсериозни ривали ХДЗ и СДП по урнекот на коалицијата во Германија меѓу ЦДУ и СПД. Причина за ова е што двете партии своето гласачко тело го црпат од длабоко поделено општество како псоледица на големиот историски расцеп. Не случајно, на последниот телевизиски дуел меѓу лидерите Пленковиќ и Брнардиќ, дојде до полемика за тоа кој е за поранешниот престедател на СФРЈ Јосип Броз Тито, а кој за првиот хрватски престедател Фрањо Туѓман. СДП кои се наследници на некогашната хрватска комунистичка партија, не се срамат да кажат дека хрватот Тито е позитивна личност, што за десничарите од ХДЗ тој останува диктатор.

Кој и да ја формира новата влада во првите сто дена таа ќе има големи предизвици. Ќе мора да ги реши споровите и да ги подобри односите со соседите, пред се со Србија и Словенија, кои во моментов се лоши. Исто така приоритет на новата хрватска влада ќе биде таа да се огради од политиката на унгарскиот премеир Виктор Орбан и да се приклучи кон политката на Австрија и Германија. Новата хрватска влада ја чека и донесување на серија нови закони за државната управа трансформација на моделот на образованието и се разбира справување со пандемијата која на сите владеачки партии во светот им го наруши угледот и рејтингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот