Андерсон ги отфрли обвинувањата на Ердоган: Шведска не финансира терористички организации

магдалена андерсон шведска
Магдалена Андерсон / Фото: EPA-EFE/HENRIK MONTGOMERY

Шведска не финансира или вооружува терористички организации, изјави денеска премиерката Магдалена Андерсон, отфрлајќи ги турските тврдења и противењето на кандидатурата за членство во НАТО поради поддршка за курдските милитантни групи.

– Ние не испраќаме пари за терористички организации, се разбира, ниту оружје, истакна Андерсон на прес-конференција во Стокхолм.

Нејзините забелешки доаѓаат откако финската и шведската делегација започнаа денеска разговори со Анкара. Според неа, разговорите ќе обезбедат можност да се расчисти „конфузијата” што кружи во врска со шведската поддршка за различни групи.

Турција се спротивстави на апликациите на Шведска и соседна Финска, особено Шведска, во врска со она што го смета за попустливост кон курдските милитантни групи во нордиските земји.

Стокхолм и Хелсинки ги поднесоа своите кандидатури за приклучување кон НАТО минатата недела, откако политичката и јавната поддршка за членство се зголеми по руската инвазија врз Украина. Турција, сепак, ги обвини Шведска и Финска дека дејствуваат како жаришта за терористички групи, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган инсистираше на тоа дека Анкара нема да ги одобри кандидатурите на двете земји.

Ердоган: Турција не го поддржува членството на Финска и Шведска во НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот