Аналитичари: Исходот од локалните избори е изненадувачки, ова е меѓу најслабите резултати на СДСМ

Политичките аналитичари Иванов, Ајдини и Божиновски во гостување на ТВ24 / фото: ТВ24/принтскрин

Според оценките на аналитичарите кои вечерва гостуваа во емисијата „24 анализа“ на ТВ24, исходот од првиот круг од локалните избори бил изненадувачки, главно поради прилично слабиот резултат на СДСМ, но тие сметаат и дека е прерано да се прославува како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ.

Газменд Ајдини рече дека е е преуранет почетниот обид на ВМРО-ДПМНЕ да го минимизира почетниот резултат од страна на СДСМ .

„Пораката од граѓаните е јасна и сега ВМРО-ДПМНЕ има предност, советите се дефинирани. Ова е еден од најслабите резултати на СДСМ. Изборниот процес имаше два процеса, периодот на зреење на гласот кога се праќаат пораките до гласачите и денот на собирање на гласот. Реално СДСМ имаше голем пропуст во вториот дел и не успеа да ги собере гласовите“, вели Ајдини.

Според Владимир Божиновски, неуспехот на СДСМ на овие локални избори се должи на изневерените очекувања за развој на државата во повеќе аспекти. По добивањето на легимитетот од претходните избори, СДСМ, го изгуби и почна да паѓа. Од минатата година досега се сменила позитивната перцепција кон Филипче и државата и наместо поддршка, сега има негативна перцепција, вели тој.

„Секогаш на локалните избори гласот е комбинација за работата на градоначалникот и постапката и работата на централната власт. И 2017 година беа локални избори и тие беа избори на кои власта стекна легимитет, а претходната година победи ВМРО-ДПМНЕ“, рече Божиновски.

Новинарот Зоран Иванов вели дека СДСМ во овој период, на стратегиски план ги победил сите во коалиција со другите партии, а на внатрешен план се поразил самиот себе.

„На внатрешен партиски план, ќе мора да направат длабока анализа и што се случи со замрзнувањето на членството на Црвенковски, да видат што се случи со Шекеринска што се повлече предвреме. Скопје е градот, кој СДСМ ако сака да го задржи и стабилизира односите во власта, му е важно и каде може да ја држи централната власт и да го издржи притисокот за нови избори“, рече Иванов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот