АМСМ: Внимателно возете во клисурите, долините и котлините

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП Македонија пат, информираат од АМСМ. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово и Струмица, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани- Делчево.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2020 година до 15.03.2021 година трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот