Амфилохије: Власта ќе преговара со мене, а не со Патријаршијата

Амфилохије објасни дека Митрополијата бара темелен договор по примерот на оние кои Црна Гора ги потпиша со Католичката црква и Исламската заедница, додавајќи оти нема да се разговара за нов статус, бидејќи, според него, Митрополијата е веќе автономна.

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије изјави дека евентуалните преговори за темелен договор, кој се однесува на црковниот имот во Црна Гора, властите ќе ги водат со него, а не со белградската Патријаршија.

Тој наведе дека Митрополијата која тој ја предводи е „автономна и самостојна низ вековите“.

Амфилохије објасни дека Митрополијата бара темелен договор по примерот на оние кои Црна Гора ги потпиша со Католичката црква и Исламската заедница, додавајќи оти нема да се разговара за нов статус, бидејќи, според него, Митрополијата е веќе автономна.

– Кога преговараат со нас, тоа е исто како да преговараат со белградската Патријаршија, тука не постои никаква разлика – истакна владиката.

Амфилохије ја отфрли можноста за какви било преговори со црногорските власти доколку Законот за слобода на вероисповед не биде повлечен, нагласувајќи дека Законот е „нешто најлошо што и се случило на Црна Гора”.

Тој го обвини црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека како „безбожник и некрстен претседател создава своја автокефална црква“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот