Американските медиуми „АП“ и „Њујорк Тајмс“ освоија Пулицер за известувањето од Украина

Фото: forbes.com

Агенцијата Асошиетед прес ја доби Пулицеровата награда за јавен сервис за 2023 година за известувањето за време на војната за опколениот украински град Мариупол, додека Њујорк Тајмс ја зеде наградата за меѓународно известување за руската инвазија на Украина.

Новинарката на „Вашингтон пост“, Каролин Киченер, ја доби националната Пулицерова награда за известување за прашањето на абортусот во САД, откако Врховниот суд минатата година ја укина значајната пресуда од 1973 година, Ро против Вејд, која ја легализираше процедурата на национално ниво.

Ројтерс беше финалист за домашни теми за известувањето за детскиот труд, како и за меѓународното известување за истражувачката серија што ги разоткрива кршењата на човековите права на нигериската војска врз жените и децата за време на нејзината војна против исламистичките милитанти.

Волстрит журнал доби Пулицерова награда за истражувачко известување за откривање на финансиски конфликти на интереси меѓу службениците во десетици федерални агенции. Лос Анџелес Тајмс доби Пулицер за вонредна вест (breaking news) за откривање на тајно снимен разговор меѓу градските власти во кој имало расистички коментари.

Годишните Пулицерови награди, првпат доделени во 1917 година, се најпрестижните во американското новинарство. Тие се именувани по издавачот на весникот Џозеф Пулицер, кој почина во 1911 година. Во тестаментот, Пулицер оставил пари за доделување награди и за основање школа за новинарство на Универзитетот Колумбија. Пулицеровата награда, исто така, се доделува во осум категории за книги, музика и драма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот