Американски разузнавачи прогнозираат: Киев ќе падне за најмногу 96 часа

Киев, Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Тројца американски функционери за Њузвик изјавиле дека очекуваат украинскиот главен град Киев да падне во рацете на руските сили во рок од максимум 96 часа и оти отпорот на земјата брзо потоа ќе биде ефективно неутрализиран.

Официјалните лица, кои побарале да останат анонимни, рекле дека фокусот на Москва ќе биде да ги опколи украинските сили. Се очекува Киев да биде заземен во рок од 96 часа, а потоа и раководството на Украина за околу една недела.

– Војската можеби ќе издржи уште неколку дена, но и таа нема многу шанси, рече еден функционер, додавајќи дека Русија наскоро ќе премине на посеопфатни копнени операции.

Извор близок до владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така побарал да остане анонимен, се согласил со проценката на САД дека Киев може да биде опколен во рок од 96 часа.

Во меѓувреме, и други светски агенции јавија дека руските сили напредуваат кон главниот град на Украина.

Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, рече дека „Кабинетот на Зеленски смета оти Руската Федерација има две тактички цели – да заземе територија и да го нападне легитимното политичко раководство на Украина за да шири хаос и да инсталира марионетска влада за да потпише мировен договор за билатералните односи со Русија”.

– Непријателот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во големите градови, особено во Харков и Киев. Постои можност руските вооружени сили да ги окупираат владините квартови, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот