Американски експерти тврдат дека Пригожин ја омекнува својата реторика кон Министерството за одбрана

Евгениј Пригожин/ Фото / WillWest News / Profimedia

Првиот човек на „Вагнер“, Евгениј Пригожин ја омекна својата реторика кон руското Министерство за одбрана „веројатно од страв дека би можел целосно да остане без неговите војници кои се борат во Бахмут“, објави Институтот за проучување на војната во најновата анализа.

Пред неколку дена Пригожин изрази загриженост за можна украинска контраофанзива во источна Украина. Тој вели дека Украина има 200.000 резервисти кои се подготвуваат за напад долж линијата на источниот фронт. Тој исто така тврди дека Украинците во моментов имаат 80.000 војници во Бахмут, Словјанск и Костијантинивка за да извршат контранапад.

ИСВ тврди дека изјавите на Пригожин за непосредната опасност за руските сили се обид да се обезбедат повеќе резерви и засилувања од руското Министерство за одбрана за да се спасат неговите сили во Бахмут.

„Пригожин беше жесток критичар на руското воено раководство, а омекнувањето на неговата реторика може да укаже на тоа дека тој можеби се обидува делумно да го смири руското Министерство за одбрана за да добие резерви или засилување за вагнерите во Бахмут“, објави ИСВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот