Американската Влада повторно ја обвини Куба за мистериозни радиофреквенции

Американската Влада денеска ја обвини Куба дека предизвикала мистериозни симптоми кај американски дипломати во Амбасадата во Хавана и на некои други места со насочени радиофреквенции.

Во соопштението на Националната академија на науките се наведува дека симптомите можат да бидат поврзани со насочените, пулсирачки радиофреквенции на кои се изложени американските дипломати.

Одреден број американски дипломати имале симптоми како што се главоболка, гадење, вртоглавица и други необјаснети симптоми, наречен „Синдром Хавана”, за кој се шпекулира подолго време.

Денешниот извештај го означува првото официјално објаснување на Вашингтон за оваа појава, иако е неубедливо.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео во октомври изјави дека владата „користела значителни ресурси” во обид да ја реши оваа мистерија за непознати симптоми што ја имале повеќе од 40 американски дипломати во периодот од 2016 до 2018 година.

Во јуни 2018 година, Стејт департментот соопшти дека наредил враќање од должност на неколку дипломати од Кина, поради страв дека имаат слични, мистериозни симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот