Американската морнарица пресретнала повеќе проектили во близина на Јемен

Американска морнарица/ Фото EPA/MCSN Cheng S. Yang/HANDOUT

Воен брод на американската морнарица кој оперира на Блискиот Исток во четвртокот пресретна повеќе проектили покрај брегот на Јемен, изјавија двајца американски официјални претставници за Си-Ен-Ен.

Еден официјален претставник рече дека проектилите биле испукани од страна на милитантите хути, поддржани од Иран, вклучени во тековниот конфликт во Јемен. Според друг официјален претставник, биле пресретнати околу 2-3 проектили.

Инцидентот доаѓа поради широката загриженост за потенцијалната иранска агресија, бидејќи тензиите на Блискиот Исток и понатаму се зголемуваат по терористичкиот напад на Хамас во Израел. Иран долго време го поддржуваШе Хамас.

Брод на американската морнарица го премина Суецкиот канал во Црвеното Море во средата. Командата на флотата на САД во објава на социјалните мрежи објави дека “ќе помогне во обезбедувањето на поморската безбедност и стабилност на Блискиот Исток”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот