Американка убила возач на „Убер“ мислејќи дека ја киднапира

Убер / Фото Dawid Swierczek / Alamy / Alamy / Profimedia

Американка е обвинета за убиство откако пукала во возач на „Убер“ за кој мислела дека ја киднапира, соопшти полицијата. Според полицијата во пограничниот град Ел Пасо, Тексас, Фиби Копас верувала дека возачот ја носи во Мексико, пишува „Би-Би-Си“.

Таа потоа го застрелала возачот Даниел Пиедра Гарсија, се вели во соопштението на властите. 52-годишникот починал во болница по неколку дена битка за живот.

Додека била во автомобилот, Копас видела сообраќајни знаци на кои пишувало Хуарез, Мексико, се вели полициските документи. Двата града се наоѓаат еден до друг.

Полициските документи дополнително објаснуваат дека откако мислела дека е киднапирана, Копас извадила пиштол и го застрелала возачот во главата. Автомобилот потоа удрил во бариерите на патот.

Копас – која е од Кентаки, но била во посета на нејзиното момче – наводно потоа се јавила на бројот за итни случаи 911, го фотографирала возачот и му испратила порака на нејзиното момче.

„Истрагата не потврдува дека се случило киднапирање или дека Пиедра скршнал од дестинацијата на Копас“, се вели во соопштението на полицијата во Ел Пасо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот