Американка си ги убила двете деца верувајќи дека така ќе одат во рајот

САД ПОлиција фото: EPA

50-годишната Американка Лори Валоу е осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување поради убиство на своите две деца и намера да ја убие поранешната сопруга на нејзиниот сопруг. Обвинителите нагласија дека мајката од Ајдахо станала опседната со апокалипсата и верувањето дека нејзините деца мора да бидат убиени за да одат во рајот.

Тие изјавиле дека Валоу верувала дека нејзините син и ќерка се „зомбиња“, додека таа била божица испратена да ја започне библиската апокалипса. Таа добила вкупно три доживотни затворски казни, по една за секое од обвиненијата. Во септември 2019 година била започната повеќемесечна потрага откако исчезнале нејзините две деца, седумгодишниот Џошуа „Џеј Џеј“ Валоу и 16-годишната Тајли Рајан.

Дури во јуни 2020 година, полицијата ги пронашла осакатените останки на Џеј Џеј и Тајли на имот во руралните средини на Ајдахо што му припаѓала на Чад Дејбел, петтиот сопруг на Валоу. Тој, исто така, го чека судењето за обвиненијата за убиство. По долго судење, Валоу била прогласена за виновна, пишува „Скај њуз“.

Таа вчера се појавила пред окружниот суд во Фримонт во Сент Ентони за да и биде изречена казна. Пред изрекувањето на пресудата, таа му се обратила на судот тврдејќи дека нејзиното искуство блиску до смртта и овозможило да комуницира со „светот на духот“. Таа му кажала на судијата дека знае „сигурно“ дека нејзините деца и Тами Дејбел се среќни на рајот. Таа тврди дека разговарала со своите деца по нивната смрт.

Валоу се соочува со обвиненија и во два други случаи кои се во тек во Аризона. Таа е обвинета за заговор со нејзиниот брат за да го убие нејзиниот четврти сопруг Чарлс Валоу. Дополнително, таа била обвинета за заговор за убиство на сопругот на нејзината внука. Чарлс Валоу бил застрелан и убиен во 2019 година, но поранешниот сопруг на нејзината внука преживеал обид за атентат подоцна истата година.

Лори Валоу и Чад Дејбел се венчале во ноември 2019 година, околу две недели откако била убиена неговата претходна сопруга Тами. Иако првично се мислело дека Тами починала од природна смрт, аутопсијата подоцна открила дека таа се задушила.

Кога Џеј Џеј и Тајли биле пријавени за исчезнати, Валоу и Дејбел ѝ кажале на полицијата дека Џеј Џеј бил во Аризона со семеен пријател. Телото на Џеј Џеј било пронајдено завиткано во кеси за ѓубре, а рацете му биле врзани со селотејп. Посмртните останки на Тајли биле јагленисани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот