Американец освои неверојатни 1,6 милијарди долари на игра на среќа во Флорида

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Вториот по големина добитник на лотарија во историјата на САД ја подигнал наградата од 1,6 милијарди долари, но идентитетот на лицето може да остане тајна уште 90 дена, соопшти Лотаријата на Флорида, а пренесе „Ројтерс“.

Големата премија во играта на среќа „Mega Millions“ била подигната во понеделникот, седум недели по извлекувањето на 8 август, се вели во соопштението на Лотаријата на Флорида.

Флорида е една од 45-те сојузни држави, плус Вашингтон и Американските Девствени Острови, кои учествуваат во играта „Mega Millions“.

Извлекувањето на оваа игра на среќа се емитувало 31 пат, двапати неделно, без победник на крајот од емисијата. Среќата да ги погоди сите шест добитни бројки ја имал еден купувач на лоз во супермаркет во Нептун Бич, на 24 километри од Џексонвил.

Од „Mega Millions“ велат дека оваа премија е најголемата во нивната историја, а на второ место во историјата на игрите на среќа во САД.

Најголемата премија во САД изнесувала нешто повеќе од 2 милијарди долари, во рамки на играта на среќа „Powerball, за добитен лоз продаден во Калифорнија во ноември 2022 година.

Среќниот добитник ќе има можност да го побара целиот износ платен во 30-годишен ануитет или да земе паушален износ од 794,2 милиони долари во готовина.

Според законот на Флорида, добитниците на награди од 250.000 долари или повеќе, не мора јавно да го откријат својот идентитет до 90 дена откако ќе ја подигнат наградата.

За билет од 2 долари, шансите да се добие џекпот се околу 1 на 300 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот