Американците сред ноќ ја напуштија клучната база, Авганистанците во шок

epa09324754 An Afghan army soldier surveys belongings left by the US military inside the Bagram Air Base, some 50 kilometers north of the capital Kabul, Afghanistan, 05 July 2021. After nearly two decades, the US military has left the Bagram Airfield in central Afghanistan and has handed it over to Afghan National Defense and Security Forces on 02 July. EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Војската на САД синоќа без да ги извести Авганистанците, ја напушти базата во Баграм, која претставува клучно место во Авганистан, пренесува Би-Би-Си.

Генералот на авганистанската војска, Асадула Кохистани изјави дека војската на Соединетите Држави го напуштиле Баграм во 3 часот по полноќ. Во базата на Баграм постои и затвор, каде што наводно се наоѓаат околу 5 илјади талибански затвореници, кои по заминувањето на американската војска, сѐ уште се во кругот на базата.

Талибанците многу бргу напредуваат во Авганистан откако војската на САД почна да се повлекува од земјата. Генералот Кохистани во понеделникот изјави дека авганистанската војска очекува напади од талибанците во Баграм.

„Како што знаете, ако се споредиме со Американците, има голема разлика. Но според нашите можности, ние се обидуваме да дадеме сѐ од себе за да можеме да ја задржиме безбедноста на сите луѓе“ изјави Кохистани.

Прашан за синоќешното ненајавено напуштање на Баграм, американскиот воен портпарол, Сони Легет, се повика на изјавата од минатата недела, кога рече дека војските на САД го координираат своето заминување од многуте бази во Авганистан.

Базата во Баграм има многубурна историја. Таа најпрвин беше изградена од страна на САД за Авганистанците, во 1950-тите, а потоа падна под контрола на Советскиот Сојуз, по нападот на Црвената армија во 1979 година. Потоа беше окупирана од страна на Авганистанците поддржани од Москва, пред да падне во рацете на талибанците во ’90-тите години. Со доаѓањето на Американците во 2001 година, тие ја презедоа контролата над базата.

Со напуштањето на базата од страна на Соединетите Држави, сега е прашање колку Авганистанците можат да ја задржат контролата врз Баграм, поради сѐ поголемиот притисок што го вршат талибанците.

ВИДЕО: Американската војска по две децинии го напушта Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот