Америка ќе го казни Иран поради хакерскиот напад врз Албанија

Колаж на СП

САД воведоа санкции против иранското Министерство за разузнавање и безбедност и ресорниот министер Есмаил Хатиб, обвинувајќи ги дека се поврзани со кибер нападот врз Албанија.

Во соопштението на американското Министерство за финансии, се наведува дека иранската разузнавачка служба учествува во сајбер-активности против САД и нивните сојузници, пренесува Радио Слободна Европа.

Потегот на САД доаѓа откако Албанија ги прекина дипломатските врски со Иран во средата. Албанија го обвини Иран за кибер нападот во јули и им нареди на иранските дипломати и персоналот на амбасадата да ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Американското Министерство за финансии во соопштение посочи дека иранското Министерство за разузнавање и безбедност управува со неколку мрежи за кибер закани, вклучително и оние кои се вклучени во сајбер шпионажа и хакерски напади.

„Иранскиот кибер напад врз Албанија ги занемарува нормите на одговорно однесување на мирновременски држави во кибер просторот”, рече американскиот заменик-секретар за финансии Брајан Нелсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот